Кремљ одговара на Трамп: Има заостанување во обновувањето на врските меѓу Русија и САД

од desk2
19 прегледи

„Има заостанување во обновувањето на врските меѓу Русија и САД“. Со таква оценка се огласи Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател на вчерашните изјави на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека е разочаран од Владимир Путин, како и дека му го намалува претходно дадениот рок од 50 дена за примирје во Украина.

Според Песков, иако „воената операција“ на Русија продолжува, Москва ја има предвид изјавата на Трамп и е решена да постигне мир.

Трамп дава помеѓу 10 до 12 дена на Русија да покаже вистински напори за мир, а во спротивно ќе добие дополнителни економски санкции од САД.

Минатата седмица преговорите во Истанбул помеѓу Москва и Киев не вродија плод.

Трамп го скрати 50-дневниот рок за Русија да ја прекине војната во Украина – но не кажа за колку

Слични содржини