На 17 декември, рускиот претседател сепак ќе ја има најголемата прес-конференција, на која веќе се акредитирани речиси 1.400 новинари
Руско-турската самит, чие одржување се планираше за средината на декември, нема да се одржи јави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесе Интерфакс. “Не, таква нема да има, таа не се планира”, рече Песков пред новинарите. Стана јасно дека веќе има рекорден број акредитирани новинари за традиционалната голема годишна конференција на рускиот претседател.
На средбата на Г20 во Анталија претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган се договорија за спроведување во средината на декември на руско-турска средба во Санкт Петербург. планирана во рамките на средбата да се одржи билатералниот Совет за соработка на највисоко ниво. Но по соборувањето од турските воздухопловни сили на руски авион Су-24, односите меѓу Москва и Анкара се заострија.
Речиси 1.400 новинари се акредитирани за учество во големата годишна конференција на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува RT, повикувајќи се на соопштение на сајтот на Кремљ . Во списокот на акредитирани претставници на средствата за јавно информирање веќе има 1390 имиња. Прес-конференцијата ќе се одржи на 17 декември од 12 часот по московско време.