Кремљ: Сега е официјално – војна!

од Симе Стоиков

Она што започна како „специјална воена операција“ сега ескалира откако се вклучи Западот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Руската воена операција во Украина се претвори во целосна војна откако Западот се вклучи и го поддржа Киев“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за националните медиуми објавено во петокот.

Москва ќе продолжи да ја следи својата цел да се осигура дека украинската војска не може да претставува закана за руските граѓани или територија, изјави портпаролот за весникот Аргументи и Факти, истакнувајќи дека земјата сега има четири нови федерални субјекти кои мора да бидат заштитени и целосно ослободени од Киев, пренеусва Раша Тудеј.

Песков истакна дека Русија не може да дозволи постоење на држава на нејзините граници која јавно тврди дека го окупира полуостровот Крим, како и нови руски територии, мислејќи на Доњецката и Луганската народна република и регионите Запорожје и Херсонската област.

Слични содржини