Кремљ за влезот на Финска во НАТО: „Тоа е напад врз нашата безбедност, ќе мора да одговориме“

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Руската државна новинска агенција РИА ја пренесе изјавата на портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, дека „влегувањето на Финска во НАТО е уште едно влошување на ситуацијата, а проширувањето на алијансата е навлегување во безбедноста на Русија“.

Во исто време, тој истакна дека оваа ситуација значително се разликува од проблемот со Украина бидејќи Финска никогаш не била против Русија, пишува The Guardian.

Песков рече и дека структурата на НАТО е непријателски настроена кон Русија и дека Москва ќе биде принудена да преземе контрамерки за да ја обезбеди безбедноста на Русија.

Да потсетиме, Финска денеска ќе влезе во НАТО, проширувајќи ја одбранбената алијанса на 31 членка по надминувањето на противењето на Турција. Барањето го поднесе заедно со Шведска во мај 2022 година, по руската инвазија на Украина.

Шојгу: Пристапувањето на Финска во воената алијанса на НАТО го зголемува ризикот од конфликт

„Внимателно ќе следиме што се случува во Финска, што ни се заканува. Мерките ќе бидат преземени соодветно. Нашата армија ќе поднесе извештај во догледно време. Финска никогаш не била антируска и не сме биле во конфликт. Нејзиното членство во НАТО може да влијае само на природата на нашите односи бидејќи алијансата е непријателска организација“, додаде Песков.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денеска дека пристапот на Финска во воената алијанса на НАТО и потегот на НАТО да ја зголеми сопствената борбена готовност го зголемиле ризикот од конфликт.

Шојгу рече и дека некои белоруски воени авиони сега се способни да носат нуклеарни боеви глави и дека ракетните системи Искандер се префрлени во Белорусија. Тие можат да се користат за носење конвенционални или нуклеарни проектили.

Слични содржини