Кремљ го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да „започне преговори сега или ќе изгуби повеќе територија“, објави БТА.
„Ефикасната работа на руските вооружени сили треба да го убеди Зеленски дека е подобро да се преговара сега отколку подоцна“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека Москва сè уште официјално не го добила планот од 28 точки на американскиот претседател Доналд Трамп.
Песков рече дека САД и Русија сè уште не ги дискутираат предлозите детално, но Москва останува отворена за преговори.