Поради пожарот што избувна на воениот полигон во областа Киров на Крим, планирана е привремена евакуација на околу 2.000 луѓе во таа област, најави шефот на управата на Крим, Сергеј Аксјонов.
„Планирана е привремена евакуација на жителите од четири населени места. Вкупно околу 2.000 луѓе“, наведе Аксјонов на Телеграм.
🇺🇦 HITS 🇷🇺 AMMO DUMP IN CRIMEA
Ukraine 🇺🇦, the day after the Crimean Bridge was hit, has struck a major warehouse of 🇷🇺 arms and artillery.
Russia 🇷🇺: Soon you will lose.
🇷🇺 soon: Crimea will come home to 🇺🇦. pic.twitter.com/oghM0w1UY7
— Jason Jay Smart (@officejjsmart) July 19, 2023
Соопштено е дека во врска со пожарот е формиран кризен тим предводен од Аксјонов, пренесува ТАСС. Претходно руските власти објавија дека автопатот Таврида, кој ги поврзува пристаништето Керч во Азовското Море и градот Севастопол, е затворен поради пожар што избувна на полигон во областа Киров на Крим.
„Како резултат на пожарот што избувна на полигонот во областа Кировски, автопатот Таврида беше затворен. Наскоро ќе биде објавена алтернативна рута за автомобилски сообраќај“, напиша тој, пренесе РИА Новости.
A Russian Arms Depot in Occupied-Crimea near the Town of Staryi Krym also know as “Old Crimea” has reportedly been Struck by a Ukrainian “Kamikaze” Attack Drone this morning causing a Large Fire to occur and setting off Secondary Explosions. pic.twitter.com/Wx1AlO1oHP
— OSINTdefender (@sentdefender) July 19, 2023
„Ројтерс“ пренесува дека руските Телеграм канали поврзани со безбедносните служби и украинските медиуми јавуваат дека избувнал пожар во складиште за муниција во базата по украинскиот воздушен напад, истакнувајќи дека не може самостојно да ја потврди информацијата.