179
Окружниот суд во Симферопол им одреди притвор на петмина осомничени за терористичкиот напад на мостот на Крим и тие ќе бидат зад решетки најмалку до 8 декември, соопштија денеска од тој суд за ТАСС.
Петмината осомничени ќе останат во притвор до 8 декември, после се што собраа истражителите“, соопштија од прес-службата.
Да потсетиме, Кримскиот мост беше оштетен во саботата.
Рускиот претседател Владимир Путин акцијата ја нарече терористичка, а Украина не презеде одговорност. Русија објави детална хронологија на нападот на мостот, додека офицерот за печат на украинската воена разузнавачка служба Андриј Јусов ја нарече истрагата бесмислица.
Мостот е долг 19 километри, а Путин го отвори во 2018 година.