Криминалци користеле дронови за да попречуваат агенти на ФБИ да следат заложничка криза, јави BBC.

Службеник од ФБИ изјави дека криминалците намерно користеле мали дронови со цел да им попречуваат на агенти од спасувачки тим кој решавал заложничка криза. Дроновите го спречиле надзорот на ситуацијата, поради што ФБИ изгубил визуелен контакт со осомничените.
Заложничката криза се случила во декември лани во Денвер, а ФБИ поставиле набљудувачка положба од височина за да ја следат ситуацијата, но одненадеж се појавиле доронови изведувајќи дерија ниски прелети со голема брзина со цел да ја спречат работата на агентите.
Употребата на дронови во криминални цели ее се почеста појава, а неретко се користат и за криумчарење дрога и смартфони во затворите. Мексиканците веќе 10 години користат дронови за шверц на дрога преку граница со САД.
Полицијата е загрижена дека дроновите с еповеќе ќе ги употребуваат криминалците и тоа на уште поразлични начини, а никој нема да понесе одговорност за тоа.