Пејачот Крис Браун повторно има проблеми со полицијата. За прв пат расправии со судските органи ѕвездата имаше во 2009 година, кога призна дека извршил физичко насилство над Ријана, која му беше девојка тогаш.
Сега Браун повторно е вмешан во скандал со насилство, но овој пат во Париз. Полицијата од француската престолнина соопштила дека американската ѕвезда, заедно со уште две лица се уапсени, откако жена се пожалила дека била силувана, пренесоа американските медиуми.
Официјален претставник на полицијата изјави дека жалбата била поднесена во полициска станица во 17-та област во главниот град на Франција.
Еден од другите двајца притвореници е телохранителот на пејачот. Браун сé уште е уапсен додека полицијата ја испитува жалбата. Ниту еден полициски претставник не е овластен да разговара за истрагата.
Веста за апсењето на Браун сè уште не е официјално коментирана од говорниците на неговата компанија за аудио снимања на Sony.
Во мај минатата година Крис повторно беше обвинет за вмешаност во таков криминал. Една американска жена изјави дека била силувана во својот дом за време на забава. Тогаш жената објасни дека таму имало многу наркотици и алкохол.