Крис Прат има специјална диета инспирирана од Библијата. Ова го откри самиот тој во интервју за КБС.
“Во текот на 21 ден не консумирам месо, шеќер и алкохол”, рече тој и се пошегува дека во принцип пие многу и режимот бил голем предизвик за него.
39-годишниот актер изјави дека одлучил да го исчисти телото благодарение на неговиот пастор. Тој истакна дека само што ја заврши диетата и се чувствува одлично.
“Тоа беше навистина неверојатно”, рече тој.
Прат истакна дека е голем човек и не може да изгуби толку многу за само 21 ден, но дефинитивно ќе го исчисти своето тело и душа.
Во средината на јануари, Крис Прат се вери со Кетрин Шварценегер. Тие сѐ уште не поставиле датум за свадба.