Комичарот Крис Рок за време на стенд-ап настап откри дека повторно му била понудена улогата на водител на Оскарите, но ја одбил.
Комичарот рече дека враќањето, откако беше удрен од Вил Смит на овогодинешните награди, ќе биде „враќање на местото на злосторството“.
Последната церемонија на Оскар остана запаметена по инцидентот што се случи кога Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок поради шега на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.
Рок сега откри, за време на неговата стенд-ап турнеја, дека Академијата му понудила да се врати следната година, пишува „The Guardian“.
„Тој е поголем од мене“, се пошегува Рок.
Според извештаите, комичарот исто така бил поканет да се појави во реклама за „Супер Боул“, што тој исто така го одбил.
Академијата за филмски уметности и науки одби да ги коментира забелешките на Рок.
Да потсетиме дека по овој инцидент, бордот на Академијата му забрани на Смит да учествува на Оскарите или на некој од нивните настани на 10 години.