487
Манекенката Криси Тајген (35) застана во одбрана на Меган Маркл (39) со тоа што на Твитер јасно стави до знаење што мисли за нападите врз поранешната актерка која чека уште едно дете со принцот Хари.
Сопругата на пејачот Џон Леџенд (42) вели дека се плаши дека оние што ја прогонуваат нема да престанат додека и ова дете не го загуби на ист начин, пишува Page Six.
„Ова ср*ње со Меган Маркл почнува премногу да ме нервира. Овие луѓе нема да запрат се додека не дојде до спонтан абортус. Еб*но престанете“, напиша таа на социјалните мрежи.
Повеќето фанови го поддржаа нејзиниот пост.
„Се согласувам! Меган и Хари го направија вистинскиот потег кога го напуштија кралското семејство. Оставете ја Меган на мира“, гласеше еден од коментарите.