Кристофер Хил: За САД името е Република Македонија

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Поранешниот американски амбасадор во Македонија Кристофер Хил смета дека земјата никогаш нема да се откаже од уставното име, а во преговорите со Грција е неопходно да се најде решение што ќе го отвори патот за членство во Европската унија (ЕУ), без промена на уставното име.

хил

“Македонија нема да го промени уставното име, но треба да се прифатат некои отстапки, за да се надмине овој услов за влез во ЕУ”, рече тој.

“Дали некој може да го реши овој спор сега? Мислам не. Знам дека Македонците нема да го променат името. За нив и за САД името е Република Македонија”, рече Хил на прашање на македонска телевизија за време на говорот во Универзитетот “Џон Хопкинс “во Вашингтон.

Дипломатот додаде дека спорот за името е тешко прашање, како што се гледа од самиот факт дека неговото решавање трае повеќе од 20 години.