Криумчар фатен со осум Сиријци во „ауди“

од Nikola Popovski
207 прегледи

На 29.06.2023 околу 18.10 часот во близина на Богданци од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран е лишен од слобода П.Г.(49) од Богданци поради основано сомнение дека со патничко моторно возило „ауди A4“ со гевгелиски регистарски ознаки, превезувал осум лица мигранти од Сирија.

За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини