Кривичен суд: Невозмозно е од судот да протекла информација за притворот на Сашо Мијалков

од Берта Китинска
204 прегледи

Oд основниот кривичен суд во Скопје, велат дека направиле интерни проверки, и дека  информацијата за притворот на обвинетиот Сашо Мијалков во случајот „Таргет-Тврдина“ не протекла од судот.

-Основниот Кривичен суд по однос поднесениот предлог за притвор постапувал итно, крајно професионално и стручно, донесувајки одлука во најкус можен временски период, со примена на мерки за обезбедување на целосна тајност во постапувањето.

Колку за потсетување од поднесување на предлогот до изготвување на решението поминале севкупно три и половина часа,  од 15 до 18:30 часот. Одлуката е донесена во недела(неработен ден) иако советот можел да одлучува и во понеделник до 15 часот, имајќи во предвид да рокот за одлучување е 24 часа. Судот тврди дека е невозмозно од судот да протекла информација дека е поднесен предлог за притвор против обвинетиот С.М. бидејки во критичниот период од 15 до 18:30 часот, сите што имале увид во предлогот имале взаемна визуелна контрола едни на други, со телефоните оставени на видливо место, стои во соопштението.

Слични содржини