Кривичен за ранг-листата на Академијата за судии и јавни обвинители полна со синови и ќерки на политичари: Се надеваме ќе бидат стручни

од Vladimir Zorba

Од Основниот кривичен суд во Скопје на денешниот брифинг со медиуми не сакаа да коментираат за последната ранг листа на Академијата за судии и јавни обвинители, посочувајќи дека треба да се види кој од нив ќе биде избран за судија и дека „треба да се вреднува квалитетот“.

– Се надеваме дека тоа ќе биде стручен, добар кадар и ќе помогне во работата и ажурноста на судот. Судски совет прави анализи и се доделуваат нови судии врз основа на потребите. Нас, ни се потребни поголем број судии. Во периодот наназад се намали бројот на судии, а се зголеми приливот на предмети по кои постапуваме. Оваа година во најава има неколку судии кои ќе заминат во пензија. Така, сметаме дека бројката треба да се движи од пет па нагоре, посочуваат од Кривичен.

Слични содржини