Кривична пријава за угостител од Охрид, поставил 26 лежалки на јавна површина

од Radmila Tasevska

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.К.(32) од Охрид и против фирма со седиште во градот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

„Пријавениот, во својство на сопственик и управител на правниот субјект, неовластено, на плажа на брегот на Охридското езеро, зазел површина од околу 70 метри квадратни, што со закон е определена како површина за општа употреба и противправно, без одобрение издадено од надлежен орган од општина Охрид, поставил 26 лежалки и 15 чадори за сонце“, соопшти МВР.

Слични содржини