Кривична против Дудуш за „несовесно работење во службата“

од Nikola Popovski
191 прегледи

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата” по член 353 од Кривичниот законик.

-Во текот на 2020 и 2024 година пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување на управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на деца – член 126, велат од МВР.

Според пријавата, Дудуш во 2020 и во 2024 година тој именувал директори на детска градинка лица кои не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето на вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка.

Слични содржини