Кривична против тетовка, осомничена за „измама“

од Vladimir Zorba

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тетовката А.А., на возраст од 43 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Пријавената, во текот на август 2023 година, претставувајќи се како вработена во амбасада, на 47-годишник од гостиварско село, му ветила дека ќе му овозможи добивање на виза, но, за да ја започне постапката, било потребно најпрво да ѝ плати 2.400 евра. Оштетениот ги дал паричните средства, но, до пријавувањето на настанот, тој не добил виза, појаснуваат од МВР.

Слични содржини