Кривична за Британец: Хакирал и измамил фирма од Скопје

од Nikola Popovski

Триесет и шест годишен Британец влегол во туѓ компјутерски систем, па фирма од Скопје наместо да исплати над 10.000 евра на фирма во САД, парите ги исплатила на сметка на Британецот.

„Пријавениот, во текот на ноември 2019, заради прибавување противправна имотна корист, неовластено влегол во туѓ компјутерски систем со менување на вистинските банкарски податоци во електронска  комуникација помеѓу правно лице од Скопје и правно лице од САД, доведувајќи го во заблуда одговорното лице Т.М., за извршена нарачка на дијагностичка опрема, наместо на вистинската банкарска сметка да изврши плаќање на парични средства во износ од 10.503 евра на банкарска сметка која била во сопственост на пријавениот“, појаснуваат од полицијата.

Слични содржини