33
Сопственичка на куче го пуштила својот миленик без маска кој потоа искасал жена, стои во полицискиот билтен.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Л.П.(73) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
– На 28.07.2024 во село Секулица, кратовско, пријавената го пуштила нејзиното куче без да биде обезбедено и без надзор, кое отишло во дворно место од викенд куќа на друго лице и каснало 60-годишна жена од истото село, информираа од СВР Куманово.