Кривична за полицаец кој употребил прекумерна физичка сила

од Nikola Popovski
255 прегледи

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција- Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против А.Б., полициски службеник во ПСОН Крушево при СВР Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од КЗ. А.Б. во својство на полициски службеник на 08.11.2023 при преземање на службени дејства, неовластено и прекумерно употребил физичка сила и извршил физичко насилство врз Д.Д., при што му нанел тешка телесна повреда.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе и предлог за утврдување на дисциплинска одговорност и изрече задолжителни мерки А.Б. да биде отстранет од работното место до завршување на постапката.

Слични содржини