ОЈО Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице , скопјанец на 55 годишна возраст, поради основано сомнение дека го извршил кривичното дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот на 28 септември 2020 година, околу 15.00 часот, го управувал своето возило и ја пресретнал оштетената која враќајќи се од работа, се движела по улицата. Тој застанал и присилно ја внел во возилото, па ја однел во стан од неговата почината мајка. Осомничениот започнал физички и психички да ја малтретира жртвата. По упатување на закани кон неа и закани за нејзината ќерка, осомничениот со употреба на сила го извршил кривичното дело. При тоа, во континуитет ја удирал жртвата со боксови и клоци од кои оштетената се здобила со телесни повреди.
Во предметот до Основниот кривичен суд Скопје бил доставен предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.