Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 26 годишниот Ш.Л. од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил три кривични дела „разбојништво“, казниво согласно чл.237 од Кривичен закононик на РСМ, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 36.576 денари.
Како што соопштуваат од МВР, првото кривично дело го извршил на 03.08.2019 околу 16.43 часот на бул.„Климент Охридски“, каде во продажен објект со закана одзел пари и предмети. Второто кривично дело го извршил на идентичен начин на 06.08.2019 околу 14.30 часот на ул.„Московска“ во продажен објект, при што одзел пари и предмети, а третото кривично дело го извршил 06.08.2019 околу 23.25 часот на ул.„Франклин Рузвелт“, при што во продавница со закана одзел предмети и пари.
Врз основа на судска наредба бил извршен претрес на дом и други простории поврзани со пријавениот, каде биле пронајдени предметите кои потекнуваат од кривичното дело.