Кривична за три лица поради претепувањето на Феликс што доведе до негово угинување

од Nikola Popovski
53 прегледи

Поднесени се кривични пријави против три лица за ѕверското претепување на кучето Феликс, кое поради сериозните повреди почина пред два дена. Кучето кон средината на месец ноември 2024 година беше удирано со метална шипка во кругот на фирма во индустриската зона Момин Поток.

СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава со КУ број 7367 против Љ.К.(61), Б.Б.(64) и З.Д.(74) од Скопје. Кривичната е поднесена за кривичното дело „мачење животни“, за кое се предвидени казни до шест месеци затвор.

Оваа грозоморна случка наиде на бројни реакции на социјалните мрежи, многу осуди, но и многу апели за да се помогне на кучето и случајот да се истера докрај. Инцидентот ја шокираше јавноста откако се појави снимка на која се гледа како вработен брутално го претепува кучето кое подоцна го доби името Феликс угина во стационарот на ЈП „Лајка“, месец и половина по инцидентот.

-Во последните месеци од неговиот живот Феликс, за првпат беше опкружен со љубов, грижа, топлина, најубава храна и радост. Првпат имаше шанса да почувствува како е да се биде сакано куче. За жал и последен, објавија од „Лајка“ за угинувањето на кучето.

На социјалните мрежи се шири петиција преку која се бара казна за сторителот и останатите сведоци. Исто така се бара Собранието да подготви и реализира јавна расправа на тема применувањето на законите кога се во прашање животните, посебно во поглед на измачувањето, напуштањето и труењето на животните кое што почна да се случува секојдневно.

Петицијата можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.

Слични содржини