Кривична за загрозување на животната средина и природата со отпад

од Nikola Popovski
883 прегледи

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р. Д. (23) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад” по член 230 ст.3 од КЗ.

При извршена контрола на 27.07.2023 од страна на полициски службеници од ЕЕКК и инспектори од Државен пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина, на нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во општина Чаир, на лице место е затекната пријавената како неовластено тргува со отпад без да поседува дозвола за вршење дејност за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Слични содржини