СВР Штип поднел кривични пријави за маж и жена во Берово за две кривични дела.
Д.М.(69) од Берово добил пријава за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 1 август во Берово, пријавениот со тврд предмет нападнал вработен во Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга”-Берово, додека извршувал работни задачи.
Е.П.(40) од Берово е осомничена за кривично дело „предизвикување општа опасност” На 4 јули пријавената не преземала законски пропишани безбедносни мерки за чување на своето куче – домашен миленик, кое нападнало и повредило едно лице.