Кривични пријави за две лица кои ограбиле постара жена во нејзиниот дом

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека пронајдени се двете лица кои на 8 февруари, среде бел ден, ја ограбиле 72-годишната Р.С. од Кичево, во нејзиниот дом.

„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.А.(25) од Кичево и против М.Д.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Слични содржини