Кризен штаб: Од 27 април до 15 мај да се пуштаат гости во отворениот дел од угостителските објекти

од Vladimir Zorba
361 прегледи

Во случај на потврдување на трендот на опаѓање, Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за предлог за намалување на рестрикциите, исклучиво во случај на континуитет во падот на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица.

Тие предложија во периодот од 27 април 2021 година (вторник), заклучно со 15 мај 2021 година (сабота), да се отворат угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел).

Забраната и посебниот режим на движење да почнува од 21:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Слични содржини