Кризно мени за закрепнување: Како да се храните по празниците

од Elena Daskalova
365 прегледи

За време на празниците често претеруваме со количината на изедената храна, која не секогаш е најздрава, а последиците може да бидат доста големи ако навреме не се смириме.

Некои истражувања покажале дека често по празниците имаме барем 2 килограми повеќе од претходно. Затоа, покрај од вишокот, треба да се ослободиме и од токсините кои во нашето тело ги оставаат печеното месо, питите, руската салата, кифлите и десертите.

Токму поради тоа, периодот по празниците треба да биде пополнет со зеленчукови супи, чорби, свежи салати и овошје и овошни шејкови. Фокусот нека биде на брокула, карфиол, прокељ и зелка.

Важно е да внесувате и моркови, цвекло и целер, кои содржат витамин Ц и калиум. Топлата супа од домати ќе ви обезбеди доволно ликопен кој нема да дозволи покачување на холестеролот.

Појадокот најдобро е да биде овесни снегулки со пробиотски јогурт, збогатени со семе од коприва. Исто така можете да додадете и чај од коприва во секојдневното мени. Салатата правете ја со рукола, морков, целер, маслинки и моцарела. Зачинете со маслиново масло и лимонов сок. За вечера јадете супа и зеленчук. Применувајте го ова мени колку што мислите дека е потребно за да се ослободите од насобраните токсини за време на празниците.

Слични содржини