Крмов, Апасиев и Стоилковиќ гласаа против Декларацијата за руската агресија врз Украина

од Nikola Popovski

Со 100 гласа „за“ и три гласа „против“, пратениците во Собранието ја изгласаа Декларацијата за осуда на рускиот напад во кој се загрозува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Истата беше предложена од ЛДП, а сите пратенички групи гласаа „за“ додека на документот тројца беа „против“ а еден пратеник „воздржан“.

Против гласаа пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борис Крмов, како и пратеникот Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите.

Декларацијата се состои од 8 точки, а во неа се наведува дека таа ќе се достави до Владата, Министерството за надворешни работи и до Министерството за одбрана.

 

Слични содржини