Крмов за суспензијата на визите од САД: Стратешките партнери нѐ шамараат, наведнуваме глава веќе 30 години

-Не е точно демек е хендикеп дека Македонија е мала земја. Погледнете ја една Словенија која има повеќе независна политика и се има изборено во тој политички простор за да има свој глас, додаде пратеникот од Левица

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв 24

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов смета дека Македонија е единствената земја во Европа која што нема „филибастер“ (блокирање на законите) и која што има опозиција оставена без инструменти. За суспензиите на имигрантските визи за Македонија од САД, Крмов потсетува дека не е „прв ладен туш од нашиот најголем стратешки партнер“, со оглед на претходните царини за земјава.

-Па, имавме безрезервна поддршка за киднапирањето на претседателот Мадуро…Тоа е тој вазалски однос вкоренет во политиката на оваа држава која што ги спроведуваат двете големи партии. СДСМ кога беше на власт спроведуваше таков однос кон ЕУ, за ние да добиеме визен режим за влез во ЕУ, а пред тоа добивме и вето од Франција. Од друга страна, од САД добивме прво царини, а сега блокади за визите. Тоа е политичка култура на вазалство и треба да се напушти. Ако сам не се почитуваш и немаш свое јас во меѓународните односи, никој нема да те почитува, рече Крмов во емисијата „Анализа 24“.

-Ние наведнуваме глава веќе 30 години. Што добивме од тоа? И Устав, знаме и име сменивме. Нашите стратешки партнери не шамараат. Не е точно демек е хендикеп дека Македонија е мала земја. Погледнете ја една Словенија која има повеќе независна политика и се има изборено во тој политички простор за да има свој глас, додаде пратеникот од Левица.

Слични содржини