Крофни од рерна: Меко тесто полно со фил

од desk2
253 прегледи

Цела куќа ќе замириса од овие крофни…

СОСТОЈКИ:
200 мл млеко
20 гр квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка маргарин
2 јајца
400-450 гр брашно
малку сол
кора од лимон
џем или какао крем за фил
шеќер во прав
1 ванилин шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во млако млеко додајте издробен квасец, јајца, шеќер, маргарин, кора од лимон, брашно и добро обработете тесто. Покријте го да одмори па премесете.
Откако ќе одмори, повторно премесете. Посипете малку брашно на маса и ставете го нараснатото тесто, па израмнете го со сукало.
Од тестото на дебелина од 1,5 см вадете со чаша и редете во плех обложен со хартија за печење. Рерната вклучете ја на 200 степени па намалете ја темпераутрата на 180 степени.
Печете ги крофните околу 25 минути. Печените крофни покријте ги со крпа да се изладат. Направете дупчиња на крофните па со шприц ставете фил по желба. Посипете со шеќер во прав.

Слични содржини