Владата ги утврди највисоките цени на одделни овошни и зеленчукови производи. Тие цени ќе важат до крајот на април. Опфатени се 11 производи – свежи домати, свежи краставици, карфиол, кромид, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони.
Ова денеска го истакна министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција во Владата.
Според него, од 5-ти април до крајот на месецот, доматите не можат да се продаваат повеќе од 70 денари, краставиците не можат да бидат повеќе од 75 денари, кромидот не може повеќе од 60 денари, карфиолот не може повеќе од 70 денари, пиперките не повеќе од 90 денари, гравот 75 денари, леќата не повеќе од 110 денари, бананите не повеќе од 70 денари, портокалите не повеќе од 55 денари, мандарините не повеќе од 60 денари и лимоните не можат да се продаваат повеќе од 55 денари.
Бектеши ги уверува граѓаните дека цените на прехранбените производи и енергенсите целосно се стабилирани и има надолен тренд во однос на намалување на цените споредбено со другите месеци.