Експертите редовно предупредуваат дека кромидот никако не треба да се остава во фрижидер, но дали сте се запрашале зошто?
За повеќето намирници за продолжувањето на рокот на траење е препорачливо да се чуваат во фрижидер, но тоа не важи баш за сите нив. Краставиците, пиперките, ѓумбирот, но и лукот и кромидот никако не се за во фрижидер, а сега ќе дознаете и зошто ова правило важи баш за кромидот.
Ако кромидот го ставите во фрижидер, ниската температура на која ќе биде изложен скробот ќе го претвори во шеќер, што доведува до промена на структурата на самиот кромид, па тој станува мек и гнил. За да ја одржите свежината, треба да го чувате на ладно, мрачно и суво место, и тоа се препорачува да стои во некаква мрежа со цел до него да допира воздух. Во таква состојба можете да го чувате и до 30 дена. Ако го чувате на собна температура, тој ќе опстојува до седум дена.
Исто така, погрешно е и она што повеќемина го прават, а тоа е дека неискористената половина главица кромид ја ставаме во фрижидер, затоа што така на него се множат штетни бактерии.
Кромидот е еден од најстарите продукти кои луѓето го користат во исхраната а потекнува од Азија. Постои повеќе од 500 години, а колку е ценет покажува и фактот што Египќаните со него ги плаќале работниците на пирамидите. Многу малку калории, висок процент на вода и витамин Ц, бета-каротин , витамин А, како и траги од сулфур и хром кој го прави многу здрав зеленчук. Кромидот е богат со антиоксиданси кои помагаат да се спречи оксидација на масни киселини во телото , а со тоа и произведуваат помалку воспалителни молекули , покажале истражувањата. Иако е најефикасен кога се јаде свеж, дури и приготвениот кромид има огромни бенефиции. Има способност да ги уништи малигните клетки а со тоа и исфрлање на токсините од организмот. Јадењето на кромид го намалува нивото на гликоза во крвта , а минералот хром им помага на клетките да одговорат на инсулин. Затоа се препоачува за дијабетичари а освен што дејствува со намалување на брзината за подигнување на шеќерот во крвта, докажано е дека го намалува холестеролот, триглицеридите и крвниот притисок.