Крос останува во Реал

од Vlatko K
282 прегледи

Тони Крос со денешното продолжување на договорот со Реал Мадрид стави точка на шпекулациите
во врска со неговата иднина.


Крос останува со „кралевите“ до 2023 година, откако го продолжи неговиот договор на уште една
годинa.

Германскиот фудбалер беше дел од медиумските шпекулациите дека може да замине од Сантјаго
Бернабеу по најавите на тренерот Зинедин Зидан дека ова лето во клубот ќе има големи промени.

Инаку, Крос во Реал дојде од Бајерн Минхен во 2014 година, а со шпанскиот клуб освоил 11 трофеи.