Крстевски: Не можам да се сетам дали во еден ден сум дал 60 илјади денари

од Берта Китинска

Како четврт сведок во предметот “Титаник” е  Горан Крстевски од Куманово, вработен како царински службеник е следниот сведок од јавното обвинителство.

На прашањето од обвинителката Стефанова, дали до сега уплатил пари како донатор за партијата ВМРО ДПМНЕ, Крстевски одговори дека многупати уплатувал пари како чланарина и како донација.
“Не можам да се сетам дали во еден ден сум дал 60 илјади денари бидејќи од 2006 година плаќаме чланарина во партијата. Секој си плаќа колку сака од 300 денари па нагоре” сведочеше Крстевски.

Тој потенцира дека прв пат во СЈО дознал за уплатницата со која наводно уплатит донација од 60 илјади денари за партијата ВМРО ДПМНЕ.

И.Р

Слични содржини