Крстот е во сите нас, се одрекуваме од материјалните награди, порачаа капачите во Скопје

од Nikola Popovski
412 прегледи

Точно напладне се одржа осветувањето на водите на Вардар и положување на Светиот крст во Скопје, на мостот „Слобода“ кај Холидеј ин.

Поради пандемијата, бројката на пријавени граѓани кои влегоа во водите беше ограничена на 20-тина, а по претходен договор меѓу капачите, немаше традиционало пливање по крстот, туку сите заедно и прегрнати до дочекаа положувањето на крстот.

-Единство, братство и сплотеност, беше пораката на капачите по излегувањето од водата. Тие исто така информираа дека добиените награди од спонзорите и градот Скопје ќе бидат донирани, а православната скопска епархија тоа го прифати.

-Крстот ќе биде во сите нас, ние ќе го вратиме во Црква и се одрекуваме од сите материјални награди. Оваа година имаме повеќе среќници, а не еден среќник, порачаа капачите.

Манифестацијата ја водеше архиепископот Г.Г. Стефан.

Слични содржини