Крцкав и кремав компир со кашкавал од рерна што ќе го обожавате

од desk2
450 прегледи

Има ли нешто подобро од врел потпечен компир и кашкавал што се растегнува?

Овој потпечен компир ќе ве воодушеви, бидејќи може да го приготвувате како главно јадење, кое е идеално за подобрување на расположението по долг и напорен работен ден. Од друга страна, лесно ќе го комбинирате како прилог со други јадења.

Потребни состојки:
2 килограми компири
3 лажици путер
3 чешниња лук
30 грама брашно
1 мал кромид
200 милилитри супа
500 милилитри млеко
1-2 лажички сол
½ лажичка црн бибер
200 грама изрендан кашкавал
50 грама пармезан

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.
Премачкајте го плехот со путер.
Стопете 3 лажици путер во големо тавче.
Додајте исечкан кромид и динстајте неколку минути додека не омекне. Додајте ситно исечкан лук и динстајте уште неколку минути.
Додајте брашно и мешајте, а потоа ставете супа, млеко, посолете и додајте бибер.
Мешајте додека смесата не се соедини и продолжете да ја загревате.
Кога ќе почне да крчка, тргнете ја од рингла.
Измијте го компирот, излупете го и исечкајте го на тенки кругови.
Наредете ред компири во садот за печење, а потоа прелијте ги со приготвениот сос.
Наросете со кашкавал и повторете ја постапката.
Покријте го садот со алуминиумска фолија и печете 30-тина минути.
Кога ќе почнат да се создаваат меурчиња, тргнете ја фолијата и печете уште половина час.