Крушево ќе соработува со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи

од Vlatko K
96 прегледи

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски и претседателот на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), Бојан Кордалов денеска потпишаа Mеморандум за соработка.

Со меморандумот за соработка двете страни се обврзаа на идна соработка за промовирање на начелата на добри практики во сферата на доброто управување и евроатлантските перспективи, со акцент на поттикнување на заложбите за транспарентност, дигитализација и двонасочна комуникација.

При потпишувањето на Меморандумот во крушевската локална самоуправа, се разговараше и за тековната работа на општината Крушево. Од Институтот беше понудена безрезервна поддршка при аплицирањето во домашни и странски фондови на општината.