Круз: Секогаш го менувам крајот на приказните

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Пенелопе Круз не ги сака класичните приказни. Таа сака да чита приказни за своите деца – Лео 7 и Луна во 4 – но секогаш ги менува нивните краеви.

„Приказните се толку важни, тие се првите приказни, кои децата ги слушаат од нивните родители. Значи, кога пред спиење им читам, секогаш, секогаш, секогаш го менувам нивниот крај. „Пепелашка“, „Заспаната убавица“ и слично – во овие приказни има толку многу мачоизам. И тие длабоко влијаат на начинот на кој децата го гледаат светот. Треба да бидеме многу внимателни, бидејќи тие ќе почнат да размислуваат дека мажите решаваат сѐ во животот“, вели 43-годишната актерка.

Таа се надева дека кампањата против сексуалното насилство врз жените #MeToo навистина ќе донесе трајни промени.

„Кампањата мора да ги промени правилата во нашата индустрија и во сите други индустрии каде што жените се репресирани на толку многу начини. Не треба да биде само нешто што новинарите ги пополнуваат вестите неколку месеци пред да преминат на следната тема“, вели Круз.

Слични содржини