Крвав хорор на паркинг во Скопје – дедо со „Сеат“ прегази 60-годишна жена!

од Марта Пешевска
55 прегледи

Шеесетгодишна жена од Скопје е тешко повредена откако била удрена од автомобил на паркинг на улицата „Фјодор Достоевски“ во Скопје.

Несреќата се случила на 30 мај 2025 година, околу 11:30 часот, кога возач на патничко возило марка „Сеат“ со скопски таблички, управувано од 70-годишниот А.Д. од Скопје, удрил во пешачката Р.Ј., исто така од Скопје.

Пешачката се здобила со тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде биле констатирани повредите.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а истрагата за несреќата е во тек.

Слични содржини