277
Неџад Чаушевиќ кој ја убил девојката Санела Трстен и притоа ранил и случајна минувачка во Сараево, се убил во шума кај местото Крупац, Источна Илиџа.
Потрагата за напаѓачот стигнала до шумскиот пат од Источна Илиџа кон Бјелашница и Игман.
Полицијата прво го барала убиецот во неговата куќа во Крупац, тука не го нашле, а потоа го лоцирале неговиот автомобил во кој била најдена муниција.
Чаушевиќ не можел да се движи повеќе со автомобил, па бегал пешки. Кога полицијата го открила, тој давал отпор и не сакал да се предаде, па пукал на нив. На крај активирал бомба што за него било фатално.
Се сомнева дека Чаушевиќ не сакал намерно да изврши самоубиство, туку сакал бомбата да ја фрли кон полицијата, но се лизнал и паднал, па бомбата експлодирала.