Во 07:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во непосредна близина на општина Бутел, вработен во општината А.Т. (53) од Скопје е прободен со остар предмет од страна на неговиот брат Љ. Т. (52) од Скопје.
Полициски службеници излегле на лице место и Љ.Т. е приведен, а А.Т. со возило на Итната медицинаска помош е пренесен во Ургентен центар-Скопје.