Видеопорталът Ruptly објави ново видео од местото каде што беше убиен легендарниот сепаратист на Донецката Република Арсениј Павлов, познат како Моторола. Снимката беше направен непосредно до влезот на големиот станбен блок каде живеел командирот.Моторола не загинал сам, повредени се и други луѓе. На кадрите се гледа дека зградата е отцепена од воена техника, вклучувајќи БТР, како и од претставници на сепаратисте. На местото има и брза помош .

За смртта на Павлов стана јасно во неделата вечерта. Според првичните податоци тој загинал од бомба со голема моќност. Таа содржеше 1,5 кг троитлов еквивалент и била прицврстена на телото на лифтот. Самата бомба била подметната со помош на далечински управувач.
Жената на командантот на баталјонот “Спарта” Елена и нивните две мали деца – новородениот Макар и ќерката Мирослава, во моментот на експлозијата биле во станот и не се повредени. На Twitter сепаратистите истакнуваат дека вдовицата на Моторола е во длабок шок од смртта на нејзиниот сопруг.
https://youtu.be/ZDLVolsT5So
Кон убиството на Павлов учествувала диверзиона група на ВСУ. Властите веќе го знаат името на нарачателот, соопшти на НТВ претседателот на самопрогласената република Александар Захарченко. Се надеваме наскоро да се разбере и кој е физички убиец . За нив нема да има никаква поштеда, верувајте, се закани Зарченко.
Официјалните власти во Киев велат дека со Моторола се пресметале негови соборци.
Арсен Павлов стана познат во 2014 година кога учествуваше во воените дејства кај Славјанск. За успесите Моторола беше награден со Георгиевски крст на ДНР.