Кржалоски: СДСМ и ВМРО да размислат за широка коалиција

од Берта Китинска
511 прегледи

Изборот на нов премиер значи дека ќе се гласа за доверба на нова влада, вели политичкиот аналитичар Александар Кржалоски во своето гостување  на МРТВ.

-Заев е убеден дека мнозинството е во рацете на СДСМ, па сега треба да се види дали е така или ќе се формира ново мнозинство. Ќе видиме следните денови, се отвори простор за тоа – рече Кржалоски на МРТВ.

Тој додаде дека по ланските парламентарни избори се пропуштила шанса да се формира големо мнозинство со двете големи партии, за што, според него, треба да се размисли во сегашната ситуација.

-Зошто се нарекуваат непријатели кога може да размислат за коалиција. Кога Меркел можеше 3-4 мандати да коалицира со германските социјалдемократи, зошто кај да не се направи широка коалиција од неколку големи партии, особено во очекување на голема криза што ни претстои, кажа Кржалоски.

Слични содржини