Куба ја враќа Хавана во строг карантин

од Vladimir Zorba

Куба повторно воведе строг карантин за главниот град Хавана по скокот на бројот на нови случаи на коронавирус и нареди затворање на ресторани, барови, прекинување на јавниот превоз и забрана за пристап до плажа.

Куба, која важи за успешна приказна во Латинска Америка заради начинот на кој се справи со првиот бран на епидемијата на коронавирус, ги олесни ограничувањата во јули, бидејќи имаше само неколку случаи на ден.

Но, бројот на ново заразени во последните две недели се врати на ниво од април. Денес се регистрирани 59 нови пациенти, а Министерството за здравство соопшти дека ситуацијата би можела да излезе од контрола доколку надлежните не преземат итна акција, пренесува Ројтерс.

„Сведоци сме на нов скок на епидемијата што ја загрозува целата популација“, рече кубанскиот министер за здравство, Хозе Ангел Портал, на прес-конференција.

Во Куба, која има 11 милиони жители, досега се регистрирани 2.900 заразени лица, а 88 пациенти починале.

Слични содржини