Парламентарните избори на Куба во недела предизвикуваат голем интерес затоа што ќе отворат пат за претседател кој ќе го наследи Раул Кастро.

Парламентарните избори на Куба не наликуваат на ниту едни во која и да е земја во регионот. Нема огласувања ни предизборни собири, а сите кандидати се членови на Комунистичката партија или се „независни“, но ја следат партиската линија.
Единствен надворешен знак дека ќе се одржуваат избори се фотографии со биографиите на кандидатите изложени на јавни места. Тие во тишина се среќаваат со локалните заедници и на работните места со луѓето за да ги запознаат.
Интересот поголем од очекувањето
Покрај тоа, одзивот на бирачите е голем, околу 95 отсто, а некои го припишуваат на владин притисок.
Повеќе од осум милиони Кубанци имаат право на избор на 605 пратеници и 1.265 делегати во 15 провинциски собранија.
Интересто за изборите е поголем од вообичаено затоа што новиот парламент на 19 април че треба да избере нов претседател наследник на Раул Кастро.
Новиот претседател ќе биде прв што не е член на семејството Кастро од револуцијата 1959 година, откако власта ја презеде Раул, брат на Фидел.
„Ќе биде интересно да се види каков ќе биде новиот претседател“, вели еден таксист од Хавана. „Секогаш имавме водачи со силни особини и присутност, но новиот се уште не го познаваме“.
Постреволуционерна генерација
Раул Кастро привремено ја презеде власта во 2006 година кога на брат му му се вложи здравјето, а претседател официјално стана во 2008 година.
Фидел умре осум години подоцна, на возраст од 90 години.
Раул кастро минатата година објави дека нема да се кандидира за трет мандат, а се очекува да го наследи потпретседателот Мигуел Диаз-Канел (57), инженер и поранешен министер за образование.
„Никој не вели дека тој ќе биде новиот претседател, но ние така мислиме, затоа што Раул последните години, му ја даде најистакнатата улога“, велу една пензионерка која чека ред во аптека.
Покрај тоа што и припаѓа на постреволуционерната генерација, од Диаз-Канела не се очекува дека ќе спроведе далекусежни реформи и да воведе нови слободи.