Куба: Удар на гром предизвика пожар во складиште за нафта

од Stefanija Kuzmanovska

Рано утринава, уште еден резервоар за складирање гориво експлодира во близина на пристаништето за супертанкери на Куба во заливот Матанзас, по пожарот што синоќа го предизвика удар на гром врз друг резервоар за складирање нафта.

Кубанската државна телевизија соопшти дека најмалку 49 лица се повредени во втората експлозија и потврди дека цивилите се евакуирани од областа, пренесе „Ројтерс“.

Кубанскиот министер за здравство Хозе Анхел Портал Миранда на Твитер објави дека еден од повредените е во критична состојба, а уште седум лица се во „тешка“ состојба.

Слични содржини