Кубраков: Украина нема да ја затвори границата со Полска

од Radmila Tasevska

Украина нема да ја затвори границата со Полска и не учествувала во никакви разговори на оваа тема, изјави денеска украинскиот вицепремиер Олександр Кубраков.

„Украина нема да ја затвори границата со Полска. Никој од украинската страна не преговара за ова“, напиша Кубраков на платформата X.

„Нашиот народ се бори за своето постоење во војна против рускиот агресор. За нас стабилната граница е прашање на опстанок“, додаде тој.

Полскиот премиер Доналд Туск, кој ги води разговорите за справување со протестите на полските земјоделци кои го нарушуваат граничниот сообраќај, претходно денеска изјави дека со украинските власти се разговара за можноста за привремено затворање на границата.

Слични содржини